Во сообраќајката што утрово се случи пред наплатната рампа Отовица на автопатот Велес-Скопје повредени се 4 лица, од кои две лица се македонски државјани, а двајца се мигранти од Ирак. Според информациите од Брза помош од Велес сите се вон животна опасност.
Според информацијата од д-р Кирил Лазов од Брзата помош од Велес, во едно од возилата имало повредено 37-годишна жена од село Добрејци, Струмичко. Тоа е вон животна опасност со повреди на вратот и болки во градите, сопатничката со неа 24-годишна пациентка од истото село е со повреди во грбот. И двете се пренесени на лекување во велешката Општа болница.