Tешка сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, во центарот на Скопје, се случи ноќеска после 21 часот, јави телевизијата Алфа.
Според првичните информации, едно дете е во критична состојба, откако било удрено од автомобил.
Од Ургентниот центар за телевизијата изјавиле дека детето не е при свест и оти има скршеници по телото, но детални испитувања допрва треба да се прават.