Сообраќајна несреќа во која маж го загуби животот се случила денес околу 11 часот во скопски Аеродром.
Од полицијата за Курир велат дека на крстосницата од ул„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“, 58-годишниот Томе А. изгубил контрола над автомобилот „Цитроен“ по што удрил во сообраќаен знак.
Екипите на итната медицинска помош кај Томе можеле само да ја констатираат смртта. Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Како што неофицијално дознаваме, скопјанецот починал пред ударот со автомобилот, но точните причини за тоа како настанала смртта ќе бидат познати по одбукцијата.