Сообраќајка во Ново Лисиче, се судриле мотор и такси


Тешка сообраќајка се случила вечерва во Скопје, кога се судриле мотоцикл и такси возило. Мотоциклистот со возило на Брза помош веднаш е пренесен во болница.novo lisice

Сеуште нема официјални информации за сериозноста на повредите со кои се здобил мотоциклистот, но сведоците велат дека станува збор за жесток судар.

Сообраќајната незгода се случи на булеварот „Февраурски поход“ на раскрсницата кај основното училиште „Лазо Трповски“ во Ново Лисиче, на којашто веќе извесно време се реконструира и светлосната сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1