Вечерва нешто после 21 часот и 30 минути кај местото викано „реклами“ во Прилеп се случи сообраќајна несреќа во која учествувале таксист и 40 годишна жена, јави битолската телевизија Орбис.
При судирот дошло кога таксистот вртел полукружно, а жената со моторциклот возела во таа насока и удрила директно во таксито.
Жената се здобила со скршеница на левата нога, и моментално се наоѓа во Градската болница во Прилеп.
На лице место увид изврши екипа на СВР Прилеп, јавува Орбис.