Сообраќајка во Радишани – едно лице загинало


Во скопско Радишани, во понеделник се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загубило животот, објави Макфакс.soobrakjajka 233

Несреќата се случила во 9.40 часот на крстосницата од улиците „Радишанска“ и „Боро Краљевски“ во која учествувале две патнички моторни возила, „југо“ и „мазда“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје.

По незгодата возачот и сопатникот од патничкото моторно возило „југо“ со возило на Брза помош биле пренесени во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“ поради укажување на лекарска помош.

Сопатникот имал тешки телесни повреди, а возачот по извесно време им подлегнал на повредите, објави Макфакс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1