Вечерва 10 минути по 19 часот во кругот на фабриката „Железара“ во сообрќајна несреќа загина пешак, Јордан Н., а уште едно лице е повредено и со возило на брзата помош е пренесено во ургентниот центар во Скопје.
Според информациите на АЛФА во нив удрило патничко моторно возило марка „Рено“ со скопски регистарски таблички. Полицијата врши увид и испитува причините за несреќата.