Во случај на сообрајќајна незгода оштетеното лице треба да поднесете барање за надомест на штета до одговорното друштво за осигурување, значи мора претходно да се пријави штета до одговорното друштво за осигурување. Тужба може да се поднесе дури откако оштетеното лице нема да биде задоволно од утврдениот надомест во вонсудска постапка.
Доколку се случи штетата да ја има предизвикано неосигурано возило оштетеното лице барањето за надомест на штета треба да го поднесе до своето друштво за осигурување каде има склучено договор-полиса за осигурување од автомобилска одговорност.
Акоштетата ја има предизвикано непознато возило оштетеното лице барањето треба да го поднесе во едно од друштвата за осигурување кои имаат лиценца за осигурување од автомобилска одговорност. Друштвото за осигурување и во двата случаи во рок од 8 дена ја поднесува пријавата на штета во Гарантниот фонд на Националното биро за осигурување, од каде ќе се рефундира исплатениот надомест за штета.
Во случај во сообраќајната незгода да учествува и возило со странска регистрација (и под претпосатвка истото да е одговорно за незгодата), пријавата на штета се поднесува до Националното биро за осигурување или директно до друштвата – членки на Бирото
Во случај на сообраќајна незгода лицата учесници во сообраќајната незгода се должни меѓусебно да разменат податоци од личните документи за идентификација, регистарските податоци за моторното возило и документите од кои може да се види дека склучиле договор за осигурување од автомобилска одговорност во согласност со Законот за задолжително осигурување во сообрајќајот, а на барање на одговорното друштво за осигурување, да дадат опширно известување за околностите под кои се случила сообраќајната незгода, затоа што во спротивно се должни да ја надоместат штетата настаната од неизвршување на обврската за известување.