Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 21 часот на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево, јави OhridNews.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, автобус удрил жена која се движела по магистралата. Од силината на ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на лице место.
Истрагата треба да ги утврди околностите под кои се случила несреќата.