Во скопската населба Кисела Вода, попладнево се случи сообраќајка во која учествувале две возила.
Од СВР Скопје информираат дека во несреќата учествувале „Хјундаи“ и „Опел“, двете возила со скопски регистерки таблички.
Според досегашните информации, нема повредени лица.
Од неофицијални информации Сител јавува дека сообраќајката ја предизвикале тројца малолетници кои избегале од местото на настанот.