Според информациите на „Канал 5“ меѓу осуммината осомничени од Македонска пошта две се жени. Едната е сопруга на поранешен министер, а другата е ќерка на екс функционер од редовите на ДУИ.
Еден од осомничените за несовесно работење е долгогодишен шеф на обезбедувањето во Пошта, двајца поштари и луѓе на директорски позиции.
На седуммина од нив име одреден притвор.
Полицијата трага уште по двајца, кои во моментов не се достапни.
Како што претходно објави „Канал 5“, причина за апсењето е последниот филмски грабеж на поштата во Чаир на 26 Јули, кога двајца крадци украдоа 211 илјади евра и избегаа со веспи.
Според информациите на телевизијата, несовесното работење на осомничените вработени го утврдила и внатрешната ревизија која ја направила самата фирма Македонска пошта.
Повеќе информации за акцијата, МВР најави за утре.