Сопругата на Багдади открила многу информации за Исламската држава – ги раскажала тајните на џихадистите


Сопругата на загинатиот лидер на Исламската држава Абу Бакр Ал Багдади откри „многу информации“ за „внатрешната работа“ на џихадистичката група откако била заробена минатата година, рекол турски политичар.

Надлежните рекле дека жената на убиениот лидер се идентификувала себеси како Раниа Махмоуд, но дека вистинското име ѝ е Асма Фавзи Мухамед Ал Кубајси.

Рекла дека му е прва сопруга на Ал Багдади, кој е убиен во американскиот напад минатиот месец. Како што пренесува АП, Багдади имал 4 жени.

АФП пренел дека жената била уапсена на 2. јуни 2018 година во турската провинција Хатај во близина на сириската граница, заедно со уште 10 лица, вклучувајќи ја и ќерката на Багдади, која се идентификувала како Леила Јабер.

Врската на семејството е потврдена со помош на ДНК примерот од Багдади, кои го обезбедиле властите на Ирак, пренесуваат медиумите.

„Нејзиниот идентитет го откривме прилично брзо. Во тој момент таа доброволно изнесе многу информации за Багдади и внатрешното делување на ИСИС.

Потврдивме многу работи кои веќе ги знаевме. Исто така добивме нови информации кои доведоа до низа апсења“, соопштиле од Турција.

Извори од истрагата за CBS News рекле дека заробени мајката и ќерката се чуваат во центарот за депортација во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата првпат открил дека Ал Кубјаси е уапсена.

„Ја фативме неговата сопруга – денес тоа го кажав првпат – но не направивме гола бука околу тоа“, изјавил Ердоган во средата.

Додал дека исто така ги заробиле неговата сестра и зетот.

Многу малку информации се знаат за сестрата на Багдади, позната како Расмија Авад.

Авад е уапсена за време на рацијата во понеделникот вечерта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1