Сопругата на Дуле ја откри вистинската причина за смртта на пејачот


Три ипол години по смртта на пејачот Душан Љубисављевиќ – Дуле, неговата сопруга Љупка првпат јавно проговори во јавноста за губењето на својот сакан. Љупка беше гостинка во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител Телевизија.dule33

Љупка вели дека Дуле починал од болест, а не како што се пишувало по медиумите, од “различни измислени работи“.

– Дуле беше болен од рак на дебелото црево, јас дознав многу доцна за тоа, од наш заеднички пријател, музичар во групата „Синтезис“, му се доверил нему. Дуле не сакал да ми каже за да не ме растажи – рече Љупка.dule-svadba-300x168

Сопругата на Дуле вели дека долго време живеела во депресија, не излегувала од дома и не сакал да разговара со никого

-За среќа пријателите секогаш беа тука за мене и не ме оставиле и ден-денес. Тешко ми е овде во Скопје, самохрана мајка сум, најтешко ми е за празниците, испраќањето во училиште – вели Љупка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1