Телото на Мирјана Марковиќ ќе биде кремирано денеска во Москва, после што урната со нејзината пепел во сабота во Србија ќе ја донесе Драгомир Кариќ, брат на Богољуб Кариќ. Оваа одлука ја донеле нејзините деца Марко и Марија Милошевиќ.
Мирјана ќе биде погребана на семејниот имот на Милошевиќ во Пожаревац во сабота во 15 часот, крај својот сопруг Слободан Милошевиќ, поранешен претседател на Србија и СФРЈ.
Марко Милошевиќ изјавил дека тој и неговата сестра Марија не се во можност даприсуствуват на погребот и да се збогуваат од нивната мајка од различни причини. Марија Милошевиќ живее во Црна Гора, но одземена ѝ е патната испшрава и поради тоа не може да излезе надвор од земјата. За Марко е распишана потерница со Интерпол односно доколку би влегол во Србија веднаш би бил уапсен.
На погребот ќе присуствува само внукот на Мирјана кој ја посетувал додека живеела во Москва.