Сопругот ја гледал како скока во смрт – не можел да ја спаси (Видео)


skoknala vo smrtАмбер Белоус (28) која се занимавала со бејс џампинг, трагично го загубила животот, само две недели по нејзината свадба. Сопругот не можел да ја спаси

Екстремната спортистка Амбер Белоус загинала во саботата попладне, скокајќи од карпа висока 600 метри.

Нејзиниот падобран не се отворил, а сопругот не успеал да ја спаси.

Амбер до 29 годишниот Клејтон Батлер, за кој се омажила пред само две недели, се качиле на еден од врвовите на планината Зајон во Јута.

433803_skok-02-foto-facebook-clayton-hoyt-butler_ffТаа скокнала прва, а кога падобранот не и се отворил, сопругот скокнал по неа, но не успеал да ја спаси.

Пешачел два часа за да најде телефон, и повикал брза помош но било предоцна.

Брачната двојка порано извела стотина слични скокови, и поминале без никакви повреди. Меѓутоа, овој пат се случила трагедија.

-Бејс џампингот е забранет во нашиот парк,  но стотина лица скокаат секоја година- вели Џим Мајлстоун, надзорник на националниот парк Зајон.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1