Нов преседан во ЕУ: Дозволено одгледување на ГМО пченка


Европските министри одобрија одгледување на нова генетски модифицирана пченка тип “TC1507″ на aмериканската компанија “Пионер” откако противниците на ГМО храна не успеаја да се здобијат со доволно поддршка за отфрлање на мерката.

GMo-corn-potato-tomatoОдгледување на ГМО храна ги зголеми сомнежите во сите 28 земји членки на ЕУ, додека противниците тврдат дека ГМО храната носи ризици за здравјето на луѓето и животната средина.

На денешната средба, неколку министри посочија дека некои ГМО култури веќе имаат добиено одобрение за безбедност  како и дозвола за увоз во ЕУ во големи количини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1