Сопругот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ пуштен од притвор: Зоран изгледа непрепознатливо


Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, денеска излезе од притвор во кој беше од 15 септмеври минатата година.

Зоран просториите на затворот ги напушти во 16.50 часот, а го пречека адвокатот Стефан Јокиќ. Марјановиќ изгледа значително поинаку отколку јавноста што го памети пред да оди во притвор. Имено, тој е избричен и речиси келав но со насмевка го напушти притворот во кој беше од 15. септември.

Апелациониот суд ја усвои жалбата на бранителите на Марјановиќ и го преиначи решението на Вишиот суд со кој притворот му беше продолжен на 25 јуни, рече протпаролот на судот Мирјана Пиљиќ.

Адвокатот Зоран Марјановиќ за српски Курир изјави дека семејството нема да се огласува во медиумите во овој период.

-Зоран и семејството Марјановиќ до завршувањето на постапката нема јавно да се изјаснуваат по повод постапката. Затоа ги молиме претставниците на медиумите да ја почитуваат нивната приватност и за сите информации за предметот да се обратат до нивните адвокати, се наведува во соопштението.

Марјановиќ во притвор беше од 15 септември минатата година. Вишото јавно обвинителство во Белград инаку по дополнението на истрагата, покрена ново обвинение против Зоран Марјановиќ со кое го товари за свирепо убиство на сопругата Јелена на насипот во Борча на 2. април 2016 година.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1