ВМРО-ДПМНЕ; Правда нема за Никола Саздовски, ниту за убиениот фудбалер Мартин Јанушев


Правда нема за Никола Саздовски и неговото семејство. Правда нема за убиениот фудбалер Мартин Јанушев и неговото семејство. Правда нема и за десетици други кои ги загубија своите животи или беа брутално напаѓани и бодени со ножеви по улиците во напливот на криминал во Македонија откако СДСМ ја превзеде власта, велат од ВМРО ДПМНЕ

СДСМ не само што молчи за неправдата и свирепите убиства, туку и ги прикрива сторителите, а загубените живот станаа само обична статистичка бројка во црните билтени на МВР. Ладнокрвните убиства станаа обично насилство.

Цената за концесиите на Заев кон криминалното подземје сега ја плаќаат граѓаните на Македонија. Благодарение на ваквите концесии и коалиција на СДСМ со криминалното подземје, на слобода се најдоа над 800 криминалци, кои дополнително ја влошија безбедносната состојба во државата и направија родителите да се плашат за безбедноста на своите деца.

Изгубените животи и семејствата завиени во црно повеќе не се важни за СДСМ и Заев бидејќи повеќе не можат да ги користат човечките трагедии за собирање на политички поени.

Во јавноста од Заев и од Владата нема да слушнете ни за влошената економска состојба, ниту пак за хаосот во македонското здравство или пак судството потчинето на Зоран Заев, нема да слушнете ни за чемерот и јадот кои на Македонија и ги донесе СДСМ. Реформи нема на ниту едно поле, нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО.

Ваквата состојба во Македонија е резултат на неспособноста на Владата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ова лудило да продолжи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да продолжат поразите кои СДСМ и ги нанесува на Македонија. Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек Сашко Гешковски до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да му кажат на Зоран Заев и СДСМ дека Македонија се буди и дека Македонија ќе победи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1