Сопружници, на средна возраст, физички нападнале медицинска сестра на инфективното одделение во болницата, а причината за нападот не е позната.
Инцидентот се случил попладнево, пренесува „Струмица Денес“.
Поголем инцидент спречило обезбедувањето, а на лице место интервенирала и полицијата која по сослушањето на двете страни и дополнително ќе ги утврди причините за овој инцидент.