Сопружници осудени за подготвување терористички напад во Лондон


Британскиот суд „Олд Бејли“ ги прогласи за виновни сопружниците Мохамед Рехман и Сана Ахмед Кан за подготвување терористички напад во Лондон, непосредно пред одбележувањето на десетгодишнината од бомбашките напади од 7 јули 2005 година, во кои беа убиени 52 лица.132967347-30208

Рехман (25) преку интернет комуницирал со свои истомисленици, барајќи од нив совет каде да ја постави бомбата – во лондонската подземна железница или во големиот и во секое време полн со луѓе шопинг центар „Вестфилд“.

Во куќата на сопружниците во градот Рединг, југозападно од Лондон, полицијата открила хемикалии и други материјали за изработка на експлозивна направа.

Сопругата Сана (24), која е осудена за соучесништво и за помагање во подготовки за терористички напад, обезбедувала пари за да се купуват материјалите за изработка на бомбата во нивната куќа.

Полицијата во текот на истрагата открила дека Рехман најавувал оти сака со терористичкиот напад што требало да биде сличен на нападите од јули 2005 година, да стане маченик.

Во една порака тој тврдел дека е подготвен да ја активира бомбата од под неговиот кревет, за да не падне во рацете на полицијата.

Сопружниците биле уапсени пред да се обидат да ја постават експлозивната направа на некои од планираните локации.

Таткото на Рехман, кој се доселил во Велика Британија во 1980 година, изјавил дека незнаел оти неговиот син, роден и пораснат на британска територија, се подготвува да биде терорист и да изведе бомбашки напад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1