Руска железница: За 200 евра од Белград до Москва со воз


Руската железница воведе воз на линијата Белград-Москва со што е остварено директно поврзување на главниот град на Србија со Братислава, Варшава и Минск.1voz

Поаѓањето на возот на релација Белград – Москва е во 21:50 часот од Белград, во 08:00 од Будимпешта, во 11:10 од Братислава, во 19:27 од Варшава и следниот ден во 07:54 од Минск. Возот пристигнува во Москва во 16:20 часот.

Во обратна насока, на релација Москва – Белград поаѓањето од Москва е во 16:27 часот, од Минск e во 01:16, од Варшава во 09:43, од Братислава во 16:53, од Будимпешта во 22:25, а возот во Белград пристигнува следниот ден во 06:21 часот.

Картата за релација Белград – Москва чини 200,70 евра во Турист кабина и 301,30 евра во Дабл кабина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1