Сопственикот на рајски острови ви нуди бесплатно летување – Треба да направите само една работа


Доколку сакате да поминете време на прекрасен, рајски остров, опкружени со природа и никој да не ве вознемирува, сега имате можност за такво нешто.

Швеѓанецот Фредрик Харен, кој моментално живее во Сингапур, ги поканил сите креативни луѓе да престојуваат на неговите приватни острови (два се блиску до Стокхолм, а еден кај Филипините), и тоа – бесплатно.ostrov

Оваа идеја му паднала на ум кога го купувал својот прв остров на Филипините, кој му служел како креативно бегство и сакал да го сподели своето искуство кога го купил останатото земјиште.

Харен ветува дека за време на вашиот престој на островот, таму нема да има ниеден друг гостин.

Оној кој ќе прифати да биде на островот, ќе може со себе да поведе пет пријатели. Звучи како одмор од соништата, нели? Само постои еден “мал трик”…

Оние кои ќе се пријават за престој на некој од овие рајски острови, треба да дадат убедлива причина зошто треба да бидат избрани токму тие и да дадат доброволен допринес во хуманитарни цели, доколку се во можност да си го дозволат тоа.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1