Сорос: Светот пред нова криза, поопасна од 2008-та


На њујоршки Волстрит цените на акциите паднаа и во петокот, па првите пет работни дена од оваа година ќе се паметат по најлошата изведба во историјата, што е последица од остриот пад на цените на нафтата и на слабостите на кинеската, втората според обемот свеска економија, а американскиот милијардер Џорџ Сорос предупредува дека светските пазари се пред уште една голема економска криза.Dzordz-Soros-500x281

Убиствениот коктел од падот на цените на акциите на светските берзи и падот на цената на нафтата, го натера прочуениот берзански шпекулант Џорџ Сорос да ги предупреди инвеститорите дека кризата се враќа на глобалните пазари.

Сорос, во четвртокот на економскиот форум во Шри Ланка изјави дека актуелната економска ситуација во светот потсетува на онаа од кризната 2008 година.

„Кина се мачи, не може да пронајде нов модел за раст и девалвацијата на нејзината валута предизвика проблеми ширум светот. Враќањето на позитивните камати на централните банки е предизвик за развиениот свет, а целата атмосфера силно потсетува на онаа од 2008 година“, смета Сорос.

Истакнува дека подигнувањето на каматите во САД го зголеми притисокот врз земјите во развој. Сорос, инаку уште од 2011година во Вашингтон предупредуваше на можни финансиски и економски катастрофи. Тогаш тврдеше дека грчката криза ќе биде многу поопасна од американската финансиска криза од 2008 година.

Истовремено со излагањето на Сорос, берзите ширум светот потонаа по уште едното запирање на тргувањето во Шангај во четвртокот, поради паничните распродажби на вложувачите. Индексот на Шангајската берза во четвртокот падна за дополнителни 7,3 отсто, по што автоматски се прекинува тргувањето, а за размерите на хаосот на кинескиот пазар говори и податокот дека тргувањето беше сопрено само 29 минути по отворањето.

Причината за падот на берзата странските аналитичари во анкетата на Reuters го гледаат во новата девалвација на кинескиот јуан, што на општо запрепастување во четвртокот утрото го објави централната банка во Пекинг. Курсот на јуанот е поставен на најниското ниво од март 2011 годинакот. Шокот од Кина веднаш се прошири и на остатокот од светот. Европските берзи уше во четвртокот веднаш по отворањето загазија во црвената област, а предничеше германскиот индекс DAX со пад од 3,5 отсто. Европските пазари успеаја малку да закрепнат од четвртокот попладнето па DAX го заврши тргувањето со минус од 2,7 отсто, одека париски CAC и лондонски FTSE загубија малку повеќе од 2 процента. Американските индекси истовремено загубија помали околу 1 отсто.

Покрај кинеските грижи, инвеститорите во првата седмица од годинава ги преплаши и силниот пад на цената на нафтата. Така, барел од нафтата од марката Brent во утринското тргување во четврток падна за 5 отсто, под 33 долари, но до пред крајот од тргувањето во петокот успеа да се врати на цената од 33,84 долари. На американскиот пазар, пак, немаше осцилации и со барелот се тргуваше по 33,27 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1