Проверка на повеќе локации поради мигрантската криза е најверојатно целта на полициската операција која беше спроведувана ноќта кон саботата во областите на Липковско и скопското село Арачиново, неофицијално се дознава од Министерството за надворешни работи, од каде за подоцна најавуваат подетални информации.
Откако МВР ги демантираше првичните информации на одредени медиуми дека полициската акција која траеше повеќе од два часа била поради вооружена група на македонска територија која се префрлила од Косово, неофицијалните информации се дека на теренот се вршело проверка на повеќе локации во селата во граничниот појас и во неколку други села, поради мигрантската криза.
Од МВР за денеска најавија официјални информации и детали за спроведените контроли во реонот на селата Слупчане, Матејче и Арачиново, каде имало засилени полициски контроли и проверка на неколку локации и претрес на теренот и на неколку напуштени објекти по должина на граничната линија која е прогласена за кризно подрачје./