Совети како да се спасите од испуканите усни


Најдобар начин за нега на суви и испукани усни е нежен пилинг и хидратација. Летото е годишно време кое е критично кога станува збор за нега на усните.

Не смеете да заборавите дека топлиот воздух, сонцето и морето доведуваат до испукани и суви усни па потребно е и на овој дел од телото да му овозможите дополнителна нега.

 Мед за испукани усни

Масирајте ги усните со четкичка за заби, а потоа нанесете мед и оставете го да делува десет минути. На овој начин ќе направите пилинг на усните, а со медот ќе ги нахраните и ќе ги хидратирате.

 Морков против суви усни

Направете маска за усни од морков и сирење. Измешајте сок од морков со свежо кравјо сирење и нанесете ја маската на усните десет до петнаесет минути. Сокот од морков е доволен за опоравување на сувите усни па може да го употребувате од време на време.

 Крем против бори

Бидејќи направивте пилинг добро би било на усните да нанесете и крема богата со витамин А и Е со заштитен фактор 15. Докажано е дека кремите со заштитен фактор ја намалуваат појавата на ситни линии и бори на површината на усните.

 

Share Button
Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1