Совети за намалување на сметките за време на грејната сезона


Секако дека секој бара економично решение со кое ќе заштеди. Кога бирате производ, како што е клима уред, калорифер, котел на пелети или радијатор потребно е добро да ГИ ЗНАЕТЕ НЕГОВИТЕ карактеристики. На пример, инвертер клима уредите имаат понапредна технологија, се енергетски поефикасни во споредба со стандардните клима уреди, можат да работат дури и кога надворешната температура ќе опадне и до -15 степени, и со тоа се подобра инвестиција на долг рок.

Совети како да ја намалите сметката за греење.

1.Изолација

Изолирајте го подрумот, гаражата, покривот. Ставете изолација над незагреаните места во куќата. Тоа би значело дека доколку во подрумот не греете, ставете изолација на плафонот во подрумот, и така задржете ја топлината на своите подови. На покривот, изолирајте го просторот кој има директен допир со надворешниот воздух.

parno2.Уште изолација

Изолирајте ги старите бојлери за вода и цевките за врела вода. Кога водата тече преку неизолирани цевки, таа се лади. Со изолацијата на цевките за врела вода и греење можете да заштедите до 1.200 денари годишно.

3.Не претерувајте

Држете ја температурата на топлата вода под 55 степени. И онака не можете да ги миете садовите во така врела вода.

4.Намалете ја температурата на термостатот

Ако ја намалите температурата на термостатот за само еден степен, ќе заштедите десет проценти енергија. Ова важи и летно време за клима уредите.

parno5.Вградете програмабилен термостат

Со помош на програмабилниот термостат, можете многу лесно да ја контролирате температурата во куќата кога нема да бидете дома. Зошто да трошите енергија во празна куќа.

6.Искористете ги природните извори

Во текот на денот оставете ги завесите и ролетните на прозорците отворени, така сонцето може да го грее вашиот дом преку прозорците. Исто така, додека работите користете повеќе природна светлина.

7.Затворете ги прозорците во текот на ноќта

Доколку имате ролетни, затворете ги и нив. Така ќе ја задржите топлината во текот на ноќта.

8.Поправете ги прозорците

Доколку прозорците ви се истрошени и стари, ладен воздух може да влегува во вашиот топол дом. Заменете ги прозорците или репарирајте ги.

9.Запечатете ја вратата

Ако чувствувате дека преку затворена врата поминува воздух, запечатете ја со леплива трака за изолација. Ситна инвестиција, а на сметката ќе ја приметите разликата.

10.Користете освежувач на воздухот

Во текот на сезоната на греење, воздухот е многу сув. Доколку користите освежувач на воздухот, температурата во куќата ќе ви се чини повисока.

11.Плафонски вентилатор

Доколку имате плафонски вентилатор, уклучувајте го повремено. Тој ќе го турка топлиот воздух надолу и во куќата ќе ви се чини дека е потопло. Доколку се одлучите само за некои од овие совети, сметките за греење ќе ви се намалат, а вие ќе се чувствувате поудобно.

– Искористете ја дневната светлина. Тргнете ги завесите од прозорците и дозволете сончевите зраци да продрат во вашиот дом.

– Намалете го термостатот за греење за неколку степени додека спиете или не сте дома. Нема да осетите драстична разлика во температурата, но разликата во сметката за греење ќе биде 5-10% помала.

– Доколку имате камин во собата кој не го користите најдете начин да го затворите просторот за да не ви бега топлината низ оџакот.

– Затворете го просторот околу лајсните на прозорците со силикон за да ја задржите топлината во внатрешноста на домот.

– Исчистете ги филтрите на клима уредите. Кога не се чисти трошат повеќе електрична енергија додека работат.

– Доколку се греете на дрва, искористете го шпоретот за подготовка на оброци. Не мора да готвите на електрична енергија.

– Ако готвите на електрична енергија ставете го капакот врз лонецот, времето на готвење дури и се преполовува (ова запомнете го како совет што ќе ви користи за било кој период од годината).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1