Внимавајте што објавувате: Татко на 3 деца брутално убиен после овој статус на Фејсбук


Тони Харис, 50-годишен сервисер на компјутери објавил на Фејсбук фотографија од свршеницата Амбер Крејн како држи стотици банкноти во долари.

„Изгубив 60 илјади долари. Се надевам дека мојата сопруга нема да ги потроши на шопинг“, напишал Харис покрај фотографијата.pari dolari raka

Една недела подоцна, тројца вооружени и маскирани мажи упаднале во неговиот дом во преградие на Филаделфија, барајќи од него да им ги предаде парите.

Двајца мажи го држеле додека третиот од нив вприл пиштол во главата на неговата свршеница. Во куќата биле и нивните три деца на возраст од пет и две години и едно старо само десет месеци. Кога Харис рекол дека не постојат никакви пари, му пукале во главата, а тој починал нешто подоцна во болница.

Полицискиот инспектор капетан Џејмс Кларк рекол дека објавата на Харис на Фејсбук за 60-те илјади долари веројатно е поврзана со неговото убиство и дека не постојат никакви пари, што потврдил и неговиот внук.

„Тоа беа еден куп банкноти од по еден долар, а на врвот имаше неколку банкноти од 20 долари за да изгледа дека станува збор за многу пари“, раскажал внукот Ентони Флеминг, а пренесува News.com.au.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1