Како што пренесува „Дајли Меил“ жителот на Кина прерано го завршил својот живот поради непроспиените ноќи и неконстантното спиење. Тој бил пронајден во својот дом во градот Суджоу во областа на Шангај после победата на Холандија против Шпанија.
25-годишен маж од Сужоу, во близина на Шангај, бил пронајден мртов пред телевизор часови по натпреварот помеѓу Холандија и Шпанија во петокот, кој е завршен кон 05 часот по локално време. Лекарите изјавија дека смртта може да е предизвикана од недостаток на сон.
Временската разлика помеѓу Сужоу и Бразил е 11 часа, што значи дека навивачите треба да бидат будни во текот на ноќта, за да го гледаат светското. Се чини дека за некои ентузијасти искушението е премногу големо.