Спасен Македонец на Олимп


Планинарското друштво I love hiking од Скопје информира за дека на 25уни, во доцните попладневни часови, откако група планинари од оваа планинарско друштво пристигнаа во планинарскиот дом Јосос Апостолидис на грчката планина Олимп (2.697 м.н.в.), кој беше нивната финална дестинација за тој ден, Н.И, еден од членовите на друштвото, се издвоил од групата која во домот се одмарала и без знаење на водичите на групата, односно на своја рака, се упатил кон блискиот врв Стефани (2.909 м.н.в.).

Притоа, Н.И.,кој имал намера самостојно и без неопходната опрема да се обиде да искачи стрмен и непристапен дел од Стефани, за таа своја одлука не информирал ниту еден член од групата.

„Поради овој свој непромислен потег, Н.И. по извесно време останал заглавен на една карпа, но, за среќа бил забележан од присутните во домот, по што веднаш беа алармирани водичите и беше организирана акција за негово спасување. Во повеќечасовната спасувачка акција учествуваа бројни спасувачи од Македонија, Грција и Србија и на сите нив, во оваа прилика, им изразуваме голема благодарност. Н.И. неповреден е вратен дома и се наоѓа во добра состојба“, соопшти планинарското друштво I love hiking од Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1