Спасени Македонците во Банско- пожарот е изгаснат, повредени нема


Пожарот во хотелот „Шато Вапцаров“ во Банско, во кој имало и гости Македонци, е изгаснат, јавуваат бугарските медиуми.

Пожарот бил пријавен во 6:50 часот утрово, а хотелот е сопственост на семејството на поетот Никола Вапцаров и се наоѓа на на улица „Солун“ во Банско.

sato vapcarov bansko

Изгорен е дел од кровната конструкција, како и конструкцијата која се протега од каминот од првиот кат до покривот. За гаснење на пожарот пожарникарите го користеле противпожарниот излез на хотелот.

Огнот најверојатно избил од каминот. Нема настрадани или повредени гости во хотелот и персоналот.

Во хотелот имало гости претежно од Србија, Македонија и Велика Британија кои биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот учествувале четири противпожарни екипи.

Пред три дена кога експлодираше гасната станица во Разлог, повеќето хотели во двата труристички центра преминаа на алтернативно затоплување (греење) и покрај тоа што снабудвањето со гас доцна вечерта беше нормализирано.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1