На аукција писмото на омразената англиска аристократка од Титаник


Писмото, кое своерачно го напиша агнлиска аристократка која ја преживеа несреќата на Титаник и се качила на речиси празен чамец, поради што по враќањето дома наиде на осуди, се продава на аукција во Америка.

titanik aristokratka

Вредноста на писмото на две страници кое Лејди Даф Гордон го напиша набрзо по потонувањето на познатиот брод, се проценува меѓу четири и шест илјади долари и од 15 до 21 јануари ќе се продава на интернет страницата на аукциската куќа Rauction, а на аукција во Бостон на 22 јануари.

Во писмото од 1912 година насловено на еден пријател, Лејди Даф Гордон,  која тогаш имала 48 години, се жалела на приемот во Англија дека не е направено се што било можно Титаник да не потоне.

13012015174249_Titanic-Letter

Имено, Даф Гордон, славна модна креаторка и нејзиниот сопруг Сер Козмо (49), патници во прва класа, се качиле во чамецот за спасување каде имало само 12 преживеани, меѓу кои биле седум членови на екипажот, а можел да прими 40 луѓе.

Инаку, двојката е обвинета дека платиле на екипажот да не се враќа по загрозените, но тие обвиненија во истрагата се покажале неосновани.

Титаник, за кого се мислеше дека е непотонпив, потона на 15 април 1912 година во Северниот Атлантик откако удри во санта мраз, при што загинаа околу 1.500 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1