Спасов: Се реконструираат 42 објекти за социјална работа


Денеска во Виница министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на агенцијата за вработување  Влатко Поповски и преставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија Мауро Ди Вероли направија обиколка на Центарот за вработување кој се реновира како и на Центарот за дневен престој на децата, пренесува МИАdime spasov

Оваа посета е во рамки на проектот „Договори за работа како поддршка за процесот за унапредување на активностите и услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија“ финансиран од ИПА програмата на Европската унија.

– Со средства од ИПА програмата на ЕУ го промовираме почетокот на третата фаза од целосната реконструкција на центрите за вработување и за социјална работа во Македонија. Преку овој проект со финансиски средства од 20 милиони евра ќе бидат реновирани 42 објекти кои се под МТСП, од кои 18 центри за социјална работа,12 дневни центри и 12 центри за вработување, истакна Спасов.

Овие центри се постари од 40 години и тие требаше што поскоро да бидат реновирани за да пружат услуги по европски стандарди. Планирано е во 2016 година центрите целосно да бидат завршени и предадени во употреба.

– Во источна Македонија ќе се реновираат центрите за вработување во Делчево,Виница и Кочани, истакна Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека во Македонија со овој проект ќе се реновираат 12 центри,  како и Центарот за вработување во Кратово за кој средства се обезбедени од други извори.

– Наредната 2016 година почнуваме со нов оперативен план за вработување за сите предложени мерки во соработка со Владата на РМ. Инаку, најмногу интерес има за мерките за самовработување, за субвенционирање при вработувањето, како и за практиканство, истакна Поповски.

Раководителот на Центарот за вработување од Виница Орце Христовски, истакна дека на списокот во Виница има 710 невработени лица. Преку проектот „Македонија вработува“ досега во Виница се вработени 68 лица, со самовработување потпишани 10 договори, а по пат на субвенционирање при вработувањето 13 лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1