Спасовски: Го осудувам денешниот напад врз Никола Тодоров


Изразувам загриженост и го осудувам денешниот инцидент во кој беше нападнат поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Партизацијата на виталните институции доведе до тоа граѓаните да ја изгубат довербата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Ги осудувам сите кривични дела и секое загрозување на безбедноста на граѓаните и државата, ќе преземам активности, институциите мора да работат во интерес на граѓаните. Доколку било кој носител на функција сторил кривично дело против него ќе се води кривична постапка – рече Спасовски.

Тој упати повик до сите граѓани да не преземаат никакви дејствија со кој ќе го загрозат сопствениот живот и животот на другите.

МВР ќе ги превземе сите надлежности да го разреши денешниот случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1