Спасовски: Заев е под постојани закани за атентат


Премиерот Зоран Заев веќе две години е под постојани закани за атентат, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средба со новинари.

– Заев е под постојани закани за атентат од 2015 – та година. Службите преземаат сериозни мерки за обезбедување на премиерот, но и за сите останати функционери, рече Спасовски кој истакна дека Заев за разлика од неговите претходници има многу помало обезбедување.

Министерот додаде дека досега немало дирекна закана упатена до премиерот.

Премиерот Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“ пред неколку дена изјави дека безбедносни аналитичари го предупредиле на ризик од атентат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1