Владата го укина проектот „Ден на дрвото“


Владата го укина проектот „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“, воведен од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, Владата го задолжила Јавното претпријатие „Македонски шуми“ да достави сеопфатна информација за ефектите и за резултатите од оваа акција.

„Идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог-програма за проширена репродукција на шумите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми“, стои во соопштението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1