Час и половина му беа потребни на рибарот Абди Селимовски вчера во попладневните часови од разбеснетите води на Преспанското езеро, да ја спаси брачната двојка од Данска – 59 годишниот Ромет Бучер и неговата 60 годишна сопруга Анке Распрајт, пишува МИА
Околу 18 часот на Селимовски телефонски му се јавил концесионерот на езерото Науме Ставревски, кој го известил дека во водите има чамец во кој се наоѓаат двајца туристи на кои животот им е во опасност.
Салиевски веднаш тргнал кон чамецот, но кога се доближил на околу педесетина метри, тој од силниот ветер и бранови го смени правецот и бил носен кон средината на езерото. Кога стигнал до него успеал чамецот да го врзе за својот чамец и да стигнат на брегот.
Брачниот пар од Данска, имал искуство со води, но тоа не било доволно да се справи со големите бранови и ветерот.
– Сакавме да уживаме во убавините на ова езерото. Со мојот сопруг, и покрај укажувањата на сопствениците да не влегуваме, се фативме за веслата. Не очекувавме дека ветерот ќе стане толку силен. Не можевме да се справиме со големите бранови, па легнавме во чамецот и се препуштивме на судбината. За среќа се појави Абди кој со своето знаење и храброст ни ги спаси животите. Цел живот ќе му бидеме благодарни. Кога би имало повеќе вакви луѓе, вели Анке.
Данскиот брачен пар втора година доаѓа на одмор во Отешево.