Тројца луѓе загинале на истокот на Камбоџа кои се обиделе да спасат куче кое паднало во бунар, соопштила локалната полиција
Трагедијата се случила вчера во зафрленото место во јужната провинција Кратија, кога 25 годишно момче се спуштило во бунарот длабок десет метри за да го спаси своето милениче.
„Тој се симнал со јаже во бунарот, но поради недостиг од кислород се загушил“, изјавил шефот на полицијата Мен Бунтоен.
Вообид да го спасат момчето, во бунарот потоа влегле и соседот и мајката на момчето, но и тие се загушиле.