Одговорната уредничка на весникот Вечер, поранешни и актуелни пратеници, новинари. Сите се на списокот спорни гласачи на ДИК, пишува Пресс24.
Ивона Талевска според ДИК ќе мора да ја помине теренската проверка за да се знае дали е фантомски гласач.
Иста судбина ќе има и новинарот Ерол Ризаов. И тој е под сомнение дека е фантомски гласач.
Ќе мора да се провери и поранешниот потпретседател на Собранието Јани Макрадули.
Меѓу спорните гласачи на ДИК се наоѓа и шефот на кабинетот на Али Ахмети и пратеник во Собранието Артан Груби.
Под проверка ќе мора да оди и сестрата на Шеќеринска.