Финансиска криза за Ракот, успех за Овенот – што ве очекува во април?


Овен

Работа: Овој месец затоа што е ваш месец ве очекува успех, напредување, финансиски добиток и завршување на зададените цели.

Љубов: Романтичен и хармоничен однос за сите кои се во брак. Доколку сте слободни очекувајте да ви пријде некој нов.

Здравје: Здравјето ви е одлично.pari evra 33
Бик

Работа: Месец за дополнителни усовршувања но и стагнација. Ќе ви одговара мирната состојба на деловен план, затоа што тоа и го очекувавте. Овој месец ќе го завршите рутински и без претеран напор.

Љубов: Ќе ве заинтригира Овен, Скорпија и Вага овој месец. Иако не знаете што сакате на поле љубов, јасно ви е што не сакате.

Здравје: Добро се чувствувате.
Близнаци

Работа: Во овој месец исправете ги грешките кои ги правевте во претходните месеци. Сега имате одлична деловна стратегија, а ѕвездите ви се наклонети. Добро разгледајте ја секоја деловна опција.

Љубов: Оние кои се во брак ги очекуваат романтични моменти. Доколку сакате нешто да промените морате сами да го направите тоа.

Здравје: Добро се чувствувате.
Рак

Работа: Вашата моментална деловна ситуација бара многу внимание и труд. Може да паднете во мала финансиска криза и ќе видите кои ви се пријатели и семејство односно колку од нив ќе се потрудат да ви помогнат да се извлечете.

Љубов: Помали непријатности може да очекувате од партнерот доколу сте во брак, но со својата сталоженост вие ќе решите се. Слободните многу ќе се дружат.

Здравје: Потребно е да водите повеќе сметка за своето здравје.
Лав

Работа: Добриот распоред на планетите одлично влијае на вашите деловни планови. Имате вишок енергија и подготвени сте за нови деловни предизвици. Ги променивте стратегиите но не брзајте затоа што може да загубите.

Љубов: Слободните ќе уживаат во излегувањето, додека оние кои се во врска ќе имаат романтични моменти со партнерот.

Здравје: Имате вишок енерија и малку сон.
Девица

Работа: Вашата педантност и стручност доаѓа до израз овој месец. Вие ќе се чувствувате несигурно. Поволен период за вложување.

Љубов: Потребни ви се промени. Но не на гардеробата, туку на вашите вредносни ставови врзани за љубовта и емоциите. Немојте да губите време на луѓе кои не ве заслужуваат.

Здравје: Добро се чувствувате.
Вага

Работа: Подобри услови на деловен план, но не е време за големи ризици. Чекајте коцките да се поклопат. Потребно е да ги одредите приоритетите.

Љубов: Треба да работите на емотивните односи, па така овој месец занимавајте се со тоа.

Здравје: Одлично се чувстувате.
Скорпија

Работа: Активни сте овој месец. Тоа ви одзема многу од слободното време и енергија. Но имате голема поддршка од постарите соработници. Награда за вложениот труд ве очекува следниот месец.

Љубов: Сета своја енергија ја насочивте кон работата и остварување на соновите, немате веќе толку време да размислувате за љубов ниту да се забавувате и излегувате.

Здравје: Добро се чувствувате.
Стрелец

Работа: Многу работа и ненадејните трошоци и неподмирените сметки ќе ве оптеретуваат овој месец.

Љубов: Стара љубов не ви дава мир.

Здравје: Повеќе шетање и престој во природа.
Јарец

Работа: Имате амбиции и тоа се рефлектира на деловниот план. Нема овој месец да останете незабележани. Многу сте креативни што одлично влијае на работата.

Љубов: Доколку сте во долга врска или брак повторно ќе почувствувате блискост со партнерот. Слободните ќе тргнат во акција за авантури и забави.

Здравје: Повеќе вежбајте.
Водолија

Работа: Добрите деловни шанси во април ќе знаете одлично да ги искористите. Можеби нема многу да одмарате и да спиете, но посветеноста ќе даде добри резултати.

Љубов: Немојте да посветуват внимание на она што го зборуваат другите, затоа што вие знаете што сакате.

Здравје: Одлично се чувствувате.
Риби

Работа: Добрите деловни шанси и околности ви ветуваат поволен финансиски период. Вие секако ќе се трудите многу за се да биде како што треба но верувајте дека ќе вреди. Ќе имате простор нешто и да заштедите.

Љубов: Емотивно сте исполнети, имате голема поддршка а исто така и одлично се согласувате со партнерот.

Здравје: Повеќе одмарајте.

Република.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1