Списокот на 30 илјади фирми кои ќе се бришат


Централниот регистар го објави списокот на над 30 илјади фирми кои ќе се избришат од евиденција. На списокот се најдоа компании кои не поднеле годишна завршна сметка за деловната 2013-та или пак пријава за упис на адреса на електронска пошта, пишува Економски.мк

Со цел да се заштитат евентуалните доверители Централниот регистар им дава рок на фирмите до крајот на годината сами да покренат постапка за стечај и ликвидација, по што ќе бидат избришани.

ujp

Бизнис заедницата го поздравува процесот. Од сојузот на стопанските комори велат дека конечно се реализира нивното барање да се исчисти стопанството од пасивни фирми. Се работи за третина од вкупниот број на деловни субјекти во земјата.

– Едно од барања на ССК изминатиов период беше токму ова, бришење на пасивните компании кои постојат и се евидентирани во Централниот регистар, меѓутоа само врз основа на тоа што, на пример, имаат платено фирмарина. Врз основа на нашите анализи доста често се појавуаат проблеми во прометот заради вакви фирми. Една ваква компанија може да купи одредени стоки и услуги и потоа се создаваат должничко доверителски односи, односно доверителот не може да си ги наплати парите, вели Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори.

Според законот, оснивачите и управителите на фирмите кои Централниот регистар на крајот на годината самиот ќе ги избрише, ќе немаат право во следните три години да осниваат или управуваат со друга фирма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1