Спомен за хероите кои загинаа за Македонија во 2001-та


Со положување венци во спомен на загинатите припадници на АРМ кај Љуботенски бачила, денеска делегации од Владата, Министерството за одбрана и Генералштабот на армијата, кабинетот на Претседателот, како и семејствата на загинатите и здруженијата на бранителите во селото Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје им одадоа почит на загинатите припадници кај ова место во текот на конфликтот во 2001 година.

zaginativojnici„Денеска сме тука да дадеме почит на нашите херои, бранители на Република Македонија кои ги дадоа своите животи за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Нив и нивните семејства Македонија никогаш нема да ги заборави“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по положувањето на венците.

„Уште во првиот месец од стапувањето на функцијата имав средба со здружението Херои на Македонија, на којашто разговаравме на кој начин можеме да им помогнеме на семејствата“, додаде министерот Јолевски и од името на Армијата и од името на граѓаните на Македонија им се заблагодари на бранителите „за сето она што тие го направиле за својата татковина“.

Претседателот на здружението Херои на Македонија, Владо Стојановски, додаде дека се навистина задоволни од состанокот со министерот Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Котески, каде биле ислушани и разгледани нивните барања, на кои ќе им се излезе пресрет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1