Најпознатиот член на организацијата на босанската револуционерна младина „Млада Босна“, Гаврило Принцип ќе го добие првиот споменик во Белград на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.
Обележјето во чест на Гаврило Принцип ќе биде поставено најдоцна до јуни во паркот на Клемегдан во Белград. Идентичен споменик ќе му биде подигнат и во Источно Сараево.
Иницијативата за поставување споменик на атентаторот на австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд потекнува од Владата на Србија по повод одбележувањето на еден век од Сараевскиот атентат и почетокот на Големата војна.
Локацијата која најверојатно ќе биде избрана за поставување на споменикот на Принцип ќе биде во близина на Споменикот на благодарност за Франција.