Споменик на Гаврило Принцип во Белград – 100 години од почетокот на 1 светска војна


Најпознатиот член на организацијата на босанската револуционерна младина „Млада Босна“, Гаврило Принцип ќе го добие првиот споменик во Белград на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

gavrilo-princip300254Обележјето во чест на Гаврило Принцип ќе биде поставено најдоцна до јуни во паркот на Клемегдан во Белград. Идентичен споменик ќе му биде подигнат и во Источно Сараево.

Иницијативата за поставување споменик на атентаторот на австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд потекнува од Владата на Србија по повод одбележувањето на еден век од Сараевскиот атентат и почетокот на Големата војна.

Локацијата која најверојатно ќе биде избрана за поставување на споменикот на Принцип ќе биде во близина на Споменикот на благодарност за Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1