Црногорците се именувале како Македонци кога ја ковале државата


Во еден период на своето историско постоење Црногорците се именувале како „Македоњани“, односно како Македонци, а за својата земја посочувале дека е „македонски предели“. Ваквата пракса почнала од средината на 15 век, откако нивната Цетињска митрополија потпаднала под јурисдикција на Охридска архиепископија.

crna goraМакедонските термини биле често употребувани во официјалните документи од значајни црногорски личности, а нив ги користел и самиот црногорски владика Данило, кој е основоположник на црногорската династија Петровиќи. Црногорското прифаќање да се именуваат како „Македоњани од македонски предели“ се должело на тогашната пракса со која одредено население се именувало зависно од тоа која и чија црква имала јурисдикција врз територијата на која тоа живеело.

црногорски историчар Сретен Зековиќ во изјава за „Дневник“ рече дека постојат многу документи од видни црногорски личности кои се изјаснувале дека се од „македонски предели“ и оти се именувале како „Македоњани“. – Тој и другите се именуваат како Македоњани само по основа на црковната јурисдикција. Во 1714 година нему му бил издаден пасош на кој пишувало дека е „бискуп од Македонија од Цетиње“. Но, сево ова не значи дека Црна Гора е македонска земја и оти Црногорците се „Македоњани“ – вели Зековиќ.

– На пример, во своето писмо од 1640 година тогашниот црногорски митрополит Мардарие се титулира како „Јас епискуп кир Мардарие от предјел македонских, от земље Црне Горе…“. Историчарот Јован Радониќ сметаше дека тоа е доказ оти тој е и етнички Македонец, но има докази дека синтагмата „од македонските предели“ означува само припадност на Охридската, односно, на македонската црква – објаснува црногорскиот историчар.

– Самиот владетел на Црна Гора, Данило Петровиќ, своето писмо до рускиот цар Петар Велики од 28 јануари 1712 го завршува на следниот начин: Од Црна Гора во Македонија. Појасно кажано, тоа значи дека Црна Гора е регија во Македонија. Има и запис дека е „Иван Kастриот Црнојевиќ од родот на македонските кралеви“. По враќањето од Црна Гора, пак, рускиот полковник Михаило Милорадович во своите писма се потпишува како „кавалер македонски“ – додава Зековиќ.

Целата сторија на – Дневник 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1