Споменикот на Тоше заборавен од градот!


Пријателите и фановите на Тоше реагираат на негрижата од страна на власта и градот во врска со одржувањето на неговиот споменик во родното Крушево.

toskeНеможејќи да ја гледаат нечистотијата на споменикот неговите пријатели решиле работата да ја земат во свои раце, пренесува Бриф.мк

– Како што знам и умеам се трудам да го зачувам ликот и делото на Тоше. Никој од градскиве и државни власти па и познати личности како и медиуми не смеат да го извалкаат и заборават бидејќи тој со својот талент, знаење, професионалност и човечност многу му даде на овој наш град и држава.

Ние треба на истиот начин да му вратиме и да го продолжиме тоа што тој го правеше на најубав начин – вели Стерули Штерјоски од Крушево кој се погрижил да му го врати сјајот на споменикот на Тоше.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1