Каков мај: Босна под вода, Хрватска без струја, Црна Гора со снег!


Обилните дождови предизвикаа поплави во некои делови на Босна и Херцеговина, каде ситуацијата е најкритична во Сараево, додека во Хрватска извесно време, без електрична енергија остана цела Славонија.

Во Босна голем дел од Сараево остана без струја, затоа што поплавени се и трафостаниците. Од Електродистрибуцијата истакнуваат дека сите расположливи екипи од вчера се распоредени на санација на дефектите, но нагласуваат дека ситуацијата постојано се менува, затоа што дополнително имаат нови дефекти.

Дополнителен проблем е тоа што дел од населените места останале и без вода, а се излеаја реките Босна, Добриња, Миљацка. Останатите реки  се приближуваат до горните граници. Дождовите предизвикаа и свлечишта, и излевање на водата на патиштата, па сообраќајот е отежнат.

snegПоплави има и во Тузла, каде нема загрозени објекти, но под вода се посевите.

Со заладувањето, снег паѓа на Романија  а во дел од планинските предели издаден е црвен аларм, поради исклучително опасното време.

Во Хрватска, поради обилните врнежи проследени и со град, утринава Славонија остана без струја. Наврнале 67 литри дожд на квадратен метар, речиси насекаде низ земјата.

Снег имаше и во Хрватска, каде на дел од планините беа измерени -1.1 степен. Во регионот околу и во Далмација беснее бура.

Црногорски Дурмитор побеле од снег, каде беше измерен еден степен. За оваа планина, снегот не е невообичаен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1