Спортист донира коскена срж – ја ризикува кариерата за да спаси живот


Камерон Лајл е апсолвент на Универзитетот од Њу Хепшир каде е познат и како истакнат спортист во фрлање дискови и ѓулиња.  Сега тој својата атлетска кариера ја става во мирување за да биде дарител на коскена срж.

sportist doniral21- годишното момче во прва година од студиите дал брис како дел од универзитетската кампања да се зголеми бројот на потенцијални донатори на коскена срж. Пред неколку месеци тој доби телефонски повик кој засекогаш ќе му го промени животот.

Имено, Камерон е 100% компатибилен со пациент кој има уште само 6 месеци живот ( можноста за ваква компатибилност е еден спрена 4 милиони).

„Веднаш знаев дека ќе го сторам тоа, на почетокот бев преплашен, но потоа почнав да се сталожувам“ изјавува Камерон.

Сепак тоа значи дека нема да смее да крева повеќе од 20 килограми неколку недели, што ќе го спречи да учествува на два значајни натпревари за кои долго време се подготвувал.

sportist doniral2„Практично во карлицата ќе ми стават игли и ќе вадат од мојата коскена срж. Што значи дека се што сум вежбал во вториот семестар ќе биде фрлено во вода“ но тој знае дека ќе му дари живот на 28 годишно момче кое е болно до акутна лимфобластична леукемија. „ Мило ми е што ќе му дадам можност да живее„

Оваа одлука на Камерон Лајл е типичен пример на несебичност и неизмерна добрина. Тој знае дека човечкиот живот е вреден за било каква жртва. Браво за Камерон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1