Спот за новата хип хоп песна на Асе и Џими


На 17-ти февруари со почеток во 19 часот во кафе Драма, ќе се оддржи промоција на спотот, сниман за музичката нумера „Сонувам“ во изведба на Асе и Џими (Арслан и Адамс), самостојни талентирани уметници, и гостин пејач – Катерина Групче позната како „Кате Талкач“. Песната е снимена како хип хоп трака во студиото на „Како Браќа“ во Штип ( продукција која што ја изработи победничката песна на Макфест 2011).

427665_409567395785340_1080025191_n

Музика и текст : Асе и Џими, аранжман: Кире Јакимов.

470945_4180127027082_1319063338_o

Видео записот е сниман од сопствени средства, а за режија, сценарио и монтажа се погрижи Ивица Барбареев – ПИ4

Асе и Џими имаат повеќе песни зад нив, а оваа е прва соработка, која ќе биде презентирана пред пошироката јавност.

Соработката ќе продолжи и во иднина, со цел да се задржи квалитетот и амбициите за зачување на хип хоп културата во Македонија.

41303_113588748694671_6199906_n

Мотивирани , креативни и упорни се зборовите со кои што можат да се опишат.Арслан како млад талентиран сликар и постидипломец, а Адамс додипломец на Штипскиот Факултет „Гоце Делчев“, секогаш наоѓаат време за првата  љубов : музиката. Текстовите претежно ги пишува Арслан, а музиката ја компонира на гитара Адамс (Џими).

Подготвени за нови предизвици , богати со рецник, и музика како оружје за модерниот израз.

Слободната мисла преточена во нивни стил, борбата за живот, или животната филозофија на поединецот во општеството е она што може да се открие низ нивните песни, особено во оваа  каде главен акцент се става на вистинските вредности во животот кои во трка по пари и кариера честопати ги забораваме.

Еден нов стил гитара, рап и пеење, не само што звучи  добро ,  но им дава мотив на младите да не се откажат своите соништа , истовремено да не дозволат да бидат однесени од виорот на негативните влијанија што ги генерира современото општество.

Со среќа нека им е!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1