Убиениот терорист од супермаркетот во Париз, Амеди Кулибали, ги повика своите роднини и пријатели да продолжат со нападите во Франција, дознава Франс прес од извори блиски до истрагата.
-Ги повика своите роднини и пријатели да продолжат со нападите врз други цели, како што се полициските станици во периферијата на Париз, истакнал анонимниот извор.
Тој додал дека Кулибали имал доста експлозив кој го поставил на влезот на супермаркетот, но не успеал да го поврзе, при што бил спречен голем масакр врз француските специјалци.