Спречен обид за терористички напад за време на отварањето на ЗОИ во Сочи (Видео)


Патник на авионската линија Харков – Истанбул барал од пилотот да го пренасочи леталто за Сочи.

Принудното слетување е извршено со помош на авион F-16!

avion-260x146Турските официјални лица соопштија дека полициските и воените сили на таа земја спречија терористички напад на Сочи, рускиот град кој е домаќин на Зимските олимписки игри (ЗОИ).

Во текот на церемонијата на отварање на големото натпреварување, неименуван Украинец се обидел да го грабне авионот на линијата кон Истанбул. Како што пишуваат странските агенции, тој му се заканувал на пилотот со бомба.

Авионот со 110 патници е принудно приземјен во Истанбул, со помош на воен авион F-16.

Една телевизија прикажа и снимка од слетувањето на авионот на компанијата „Pegasus“ од украинскиот град Харков на аеродромот во Истанбул.

Официјален претставник од Министерството за транспорт потврди дека во авионот имало 110 патници и членови на екипажот, како и дека еден патник се заканувал со бомба.

Турската државна телевизија јавила дека од авионот во критичниот момент била пратена порака со предупредување.

Леталото после слетувањето е задржано во безбедната зона на истанбулскиот аеродром.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1